Фудбал ЛШ

“Тимот порасна и е подготвен за предизвикот во Лондон”

ПСЖ го очекува сериозен предизвик во Лигата на шампионите, бидејќи во полуфиналето ќе се судри со Арсенал. Парижани гостуваат во Лондон одново, откако во октомври загубија 2-0. Сепак, Луис Енрике не е загрижен за својот тим и смета дека работите се променети во однос на претходниот натпревар.

„Арсенал е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов. Со топката се блиску до врвот, а без неа се исто така одлични. Тие се тим со вистински идентитет. Ние сме слични, но имаме и различни стилови на игра“, изјави Енрике, додавајќи дека се надева на интересен натпревар на „Емирати“.

“Сега сме многу покомплетен тим во однос на мечот во октомври. Освоивме четврта последователна титула во Лига 1, стигнавме до финалето на Купот на Франција и елиминиравме силни англиски тимови како Ливерпул и Астон Вила. Тимот порасна и е подготвен за предизвикот“, изјави Енрике.

Средбата меѓу Арсенал и ПСЖ на „Емирати“ се игра во терминот од 21:00 часот.

To top