четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Тиквеш и Скопје останаа прволигаши

Тиквеш и Скопје останаа прволигаши

Тиквеш ја победи Воска Спорт со 4-1, додека Скопје во три минути пред крајот успеа да ја победи Беласица со 2-1 и така двата овосезонски прволигаши останаа во домашната елита и за идната сезона.

Едиз Спахиу и Иван Ивановски за пет минути уште во првата половина од првиот дел ја најавија победата на Тиквеш, со голови во 12-та и 17-та минута, а иако Изаир Емини две минути пред крајот ги врати охриѓани во мечот, Благоја Љамчевски со прекрасен гол од слободен удар во 67-та ги потопи, па до крајот беше само прашање како ќе заврши резултатот, зашто победникот веќе беше решен. Спахиу со својот втор гол во 74-та минута само стави печат на победата.

Филип Јаневски е херојот на Скопје, зашто ги даде двата гола за победата на тимот од Автокоманда против Беласица со 2-1 и за останување на „пиратите“ во Првата лига.

Јаневски донесе водство во Штип по пола час игра, а Димитар Трајков со фантастичен гол со петица во 52-та минута израмни, за три минути пред крајот Јаневски со втор гол да спречи мечот и прволигашкиот статус да го решаваат пеналите.

 

Коронавирус