вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Фудбал

Тие не знаат што прават: Го избркаа седмиот тренер во последните три години

Тие не знаат што прават: Го избркаа седмиот тренер во последните три години

Кипарскиот фудбалски клуб АПОЕЛ денеска го раскина договорот со тренерот Бруно Мигел Нуњес Балтазар, седми тренер во последните три години.

Кипарскиот шампион соопшти дека одлуката за заминување на 41 годишниот португалски тренер е донесена после договор, а дека екипата ќе ја преземе досегашниот помошник тренер, Јоргос Костис.

Балтазар го напушти клубот ден после победата од 1:0 над Ермис, а во завршницата на мечот учествуваше во нереди на теренот поради што беше исклучен. Навивачите и управата на клубот се разочарани затоа што тимот во последните пет години не влезе во групната фаза од Лигата на шампионите или Лигата на Европа, иако во 2012-та година играа и во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Коронавирус