петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Тиаго Силва: Мојот агент преговара со повеќе клубови, ништо досега не е потпишано

Тиаго Силва: Мојот агент преговара со повеќе клубови, ништо досега не е потпишано

Бразилскиот репрезентативец, Тиаго Силва демантираше дека има потпишано договор со Челси или со Фиорентина двата клуба кои се издвојуват како негова следна дестинација.

Силва по поразот од Баерн Минхен во финалето од ЛШ посочи дека нема сеуште донесено одлука каде ќе ја продолжи кариерата.

„Ова беше мојот последен натпреавр за ПСЖ. Среќен сум за овие осум години. Дадов се што имам, но сега е време да барам нов клуб. Мојот агент преговара со повеќе клубови, ништо досега не е потпишано. Утре или задутре, ќе треба да седнам да ги разгледам сите понуди и да одлучам што е најдобро за мене и за моето семејство.“ – изјави Тиаго Силва.

Коронавирус