петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 115
home Фудбал

Тешки обвинувања: Туре вели дека неговиот тренер Гвардиола е расист

Тешки обвинувања: Туре вели дека неговиот тренер Гвардиола е расист

Африканскиот играч од средниот ред, Јаја Туре го обвини менторот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за расизам.

Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска објави една интересна случка, во која се почувствувал како предмет на расистички напади од шпанскиот тренер, во интервју за „Францс фудбал“.

Минатата сезона, Туре играше за „граѓаните“, но неговиот договор со клубот заврши.

-Јас бев втор капитен, а Гвардиола кажа пред сите дека сум изгледал деморализиран. Тој ми кажа да одам кај раководството на клубот и да разговарам со нив, ако не сакам да останам во тимот. Имав чувство дека Пеп сака да ја уништи мојата последна сезона во Сити. Почнав да се прашувам дали бојата на мојата кожа е причината за овој однос. И јас не бев единствениот што се прашуваше тоа, изјави Туре.

Халфот објасни и дека некои играчи во Барселона, додека каталонецот го водел тимот, се чувствувале на сличен начин.

-Додека бил во Барселона, некои фудбалери во тимот исто така се чувствувале како да се дискриминирани. Можеби африканските фудбалери не се третираат на ист начин како другите. Гвардиола се преправа дека нема проблеми со темнокожите фудбалери. Премногу е интелигентен, за да го покаже тоа јавно. Тој никогаш нема да го признае тоа, додава играчот од средниот ред.

(Миа)

Коронавирус