недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Тешка мисија на реваншот: Шкендија со тежок пораз се враќа од Салцбург

Тешка мисија на реваншот: Шкендија со тежок пораз се враќа од Салцбург

Македонскиот шампион Шкендија со три гола негатива пред реваншот против австриски Салцбург.

Шампионот на Австрија после првите 45 минути води со 2:0 против Шкендија.

Головите за Салцбург ги постигнаа Мунас Бабур од пенал во 16-та минута и Златко Јунузовиќ во 45 минута.

Во вториот дел тимот од Австрија постигна уште еден гол, втор од пенал, стрелец за конечните 3:0 беше Диадие Самасеку.

Инаку, овој натпревар се играше 100 минути, откако судијата го продолжи мечот за 10 минути.