четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Тер Штеген: Се надевам дека Меси ќе остане во Барселона и ќе биде среќен

Тер Штеген: Се надевам дека Меси ќе остане во Барселона и ќе биде среќен

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген ги сподели своите ставови за ситуацијата со напаѓачот Лионел Меси.

Триесет и тригодишниот Аргентинец може да го напушти тимот како слободен агент следното лето.

– Кога Меси е на теренот – тоа е секогаш предност, бидејќи Лео може да создава шанси од никаде. Затоа тој е толку посебен. Се надевам дека ќе остане во тимот и ќе може да биде среќен тука. Треба да му дадеме можност да биде над сè што се случува, бидејќи тој е ужасно важен дел од играта на Барселона, вели Тер Штеген во изјава за клупската веб-страница на каталонскиот фудбалски гигант.

За Меси голем интерес покажува Манчестер сити и според најавите, премиерлигашот ќе се обиде да го донесе во својот тим Меси веќе во зимскиот преоден рок.

Коронавирус