сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 70
home Фудбал

Тебас: Реал има пари да ги ангажира Мбапе и Халанд

Тебас: Реал има пари да ги ангажира Мбапе и Халанд

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас често знае да е во центарот на вниманието, а причината за тоа се неговите директни изјави, коментари на различни фудбалски прашања.

Тој пред се многу добро го познава шпанскиот фудбал и состојбите на клубовите, па така според него Реал Мадрид во моментов е финансински моќен, подготвен да ги донесе, има во своите редови двете најголеми млади ѕвезди тоа се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

– Реал продаде играчи за 200 милиони евра. Имаат пари да ги ангажираат заедно Мбапе и Халанд. Тие не загубија пари и згора на тоа, добро заработија од продажба. Она што не е разбирливо е што клуб како ПСЖ кој има загуби од 400 милиони и има буџет за плати од 500 милиони евра може да одбие понуди за Мбапе. Правилата за (финансиска) контрола не успеваат во Франција, тоа прави штета на европскиот пазар. Системот на УЕФА е погрешен. Мораме да внесеме инвестиции, но не неограничени придонеси со постојани загуби. Во други сектори тоа не би било дозволено. Тие претпочитаат да ја освојат Лигата на шампионите и да имаат милионски загуби. На тој начин ги прават среќни навивачите затоа што ја освојувате Лигата на шампионите, но вие сте го заебале фудбал. Многу е опасно, порача Тебас.

Коронавирус