понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 39
home Фудбал

Тажна вест од фудбалскиот свет: Почина поранешниот претседател на УЕФА

Тажна вест од фудбалскиот свет: Почина поранешниот претседател на УЕФА

Шведскиот фудбалски функционер и поранешен претседател на УЕФА, Ленарт Јохансон, почина на 89 години.

Јохансон беше прв човек на европскиот фудбал од 1990 до 2007 година, со што стана рекордер по бројот на мандати. На 26-ти јануари 2007-ма година Мишел Платини ја презема неговата позицијата.

До 2005-та година, тој беше и претседател на фудбалскиот клуб АИК Стокхолм.

Истата година беше награден со златен медал за извонредни услуги за шведската култура, наука и општество.

Трофејот во младинската лига на УЕФА е именуван токму по Јохансон.

Извор: СпортМедиа