среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Фудбал

Татко му на Меси летна за Барселона, за утре е закажан клучниот состанок со Бартомеу

Татко му на Меси летна за Барселона, за утре е закажан клучниот состанок со Бартомеу

Разврската во војната меѓу Меси и раководството на Барселона ќе започне утре со состанокот меѓу играчот, неговиот агент (татко му) и првиот човек на клубот, Бартомеу.

Таткото на Меси веќе летнал од Артентина за Шпанија а за утре е закажал состанокот на кој ќе се дискутира за желбата на фудбалерот да го напушти славниот клуб од Шпанија.

Според досегашните најави од Пиринеите, Меси е одлучен да си замине од Барселона и подготвен е правдата да ја бара на суд со помош на ФИФА и УЕФА. Во Барса пак се е хаотично, можни се нови избори за нов претседател и повлекување на Бартомеу.

Меси се поврзува со ангажман во Манчестер Сити, Гвардиола веќе го очекува пред стартот на сезоната во Премиер лигата.

Коронавирус