недела, 26. септември 2021. Вести денес: 94
home Фудбал

Талентот на Рома режираше катастрофално додавање, Мурињо му одржа лекција: Разбуди се веќе еднаш…. (Видео)

Талентот на Рома режираше катастрофално додавање, Мурињо му одржа лекција: Разбуди се веќе еднаш…. (Видео)

Жозе Мурињо победи и на четвртиот подготвителен меч како тренер на Рома, откако неговата „волчица“ вчера со уверливи 5:2 го победи Дебрецен од Унгарија.

Португалскиот стручњак го искористи овој меч за да им даде шанса на сите играчи кои ги има на располагање, па така на полувремето ја смени цела почетна старна 11-ка и на теренот излегоа нови 11 играчи.

Рома постигна два гола во првото и три во второто полувреме, па иако станува збор за подготвителен период, Мурињо имаше што да има каже на играчите од кои не беше задоволен.

Вчера на тапет се најде суперталентираниот играч за врска Дарбо, кој после едно катастрофално додавање во аут, го налути „специјалниот“ и доби јасна порака од линијата.

– Еј, Дарбо, разбуди се веќе еднаш. По ѓаволите, одиме……

Коронавирус