недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 120
home Фудбал

Тајната од тефтерот: Сер Алекс има план за запирање на Меси

Тајната од тефтерот: Сер Алекс има план за запирање на Меси

Манчестер Јунајтед против Барселона е една од најинтересните двојки во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Двата европски гиганти ќе измерат сили и ќе одредат еден од полуфиналистите на најпрестижниот фудбалски турнир на Стариот континент.

Нема сомнение дека големата закана за англискиот тим ќе биде Лионел Меси. Капитенот на Барса е во одлична форма, а на „Олд Трафорд“ се бара решение за тоа како да се сопре „Ла Пулга“.

Решението се чини дека се крие во тефтерите на легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој има план како да се запре големата ѕвезда на Каталонците.

Во 2011-та, Барселона го победи Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампиони и по тој момент, Шкотот гради план кој ќе му послужи на идните средби со Меси, какви сепак подоцна немаше. Сега се очекува планот на Фергусон да влезе во акција и да му помогне на актуелниот тим на Јунајтед да го запре Аргентинецот.

– За да го запреш Лионел Меси, треба да имаш дефанзивци кои немаат грижи поради тоа што можат да бидат надиграни. Тие треба директно да се впуштаат во обидите да се запре Меси, или барем да го истуркаат на крило, каде што тој не е толку опасен колку кога е фронтално пред голот, сподели Сер Алекс Фергусон по поразот во финалето на „Вембли“ во 2011 година. (МИА)

Коронавирус