сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 16
home Фудбал

Тага по фудбалерот: Астори требало утре да потпише договор, но судбината му застана на патот

Тага по фудбалерот: Астори требало утре да потпише договор, но судбината му застана на патот

Смртта на Давиде Астори ја потресе светската фудбалска јавност и предизвика многу емотивни реакции меѓу колегите на фудбалерот на Фиорентина кој почина ненадејно само две недели откако стана татко.

Астори беше омилен фудбалер на навивачите на „виолетовите“ и носител на капитенската лента, а дополнителна болка за семејството на Фиорентина предизвика и изјавата на клупскиот сопственик Андреа Дела Вале кој им соопштил на новинарите дека Астори утре требало да потпише нов договор со клубот.

– Тешко е да се стои овде, ова е неверојатна трагедија. Кога само ќе помислам само на неговото семејство и пријатели, а утре требаше да потпише нов договор. Тоа требаше да се случи во четвртокот, но го одложивме потпишувањето поради лошите временски услови. Се уште сум во шок, тој беше заштитен знак на екипата, горд сум што го познавав и очекувам градот да се грижи за неговото семејство, вели првиот човек на Фиорентина.

Коронавирус