вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 109
home Фудбал

Таа е најголемата поддршка на Меси: Ја нарекуваат најскромната милионерка, а овој детал вешто го кријат од јавноста!

Таа е најголемата поддршка на Меси: Ја нарекуваат најскромната милионерка, а овој детал вешто го кријат од јавноста!

Во понеделникот по седми пат му беше доделена Златната топка на Меси.

Фудбалерот на доделувањето дојде со сопругата и синовите. Меси беше облечен во црн костум со светки и машна, а во истата комбинација беа облечени и синовите.

Покрај синовите, внимание привлече и сопругата на Меси, која носеше долг златен фустан.

Инаку, фудбалерот е во брак со Антонела од 2017 година, а нивната љубовна приказна е убава бидејќи се познаваат уште од мали нозе, кога Меси имал само пет години. Тие се запознале преку братучедот на Антонела кој е и најдобар пријател на Меси. Аргентинецот еднаш призна дека на 10 години бил заљубен во сегашната сопруга.

Во основа, никој не знае кога ја започнале својата љубовна врска. Нивната љубов стана позната во 2009 година, а таа поради него ги напушти студиите и се пресели во Барселона.

Двојката се венча во 2017 година во Аргентина, а јавноста беше воодушевена од нивната одлука да ги донираат сите останати прехранбени производи од церемонијата во добротворни цели.

Антонела стана модел, но и таа кариера ја остави на страна, поради синовите.

Иако парот не зборува за приватниот живот, тие со задоволство споделуваат семејни фотографии на Инстаграм каде ги следат милиони луѓе. Инаку, вредноста на богатството на Меси се проценува на 600 милиони долари, а неговата годишна плата е 42 милиони долари. Покрај тоа, тој сè уште заработува милиони на спонзорски договори.

Коронавирус