сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 38
home Фудбал

Таа е главна карика во репрезентацијата помеѓу сите мажи: Која е жената која седи на клупата на Хрватска? (ФОТО)

Таа е главна карика во репрезентацијата помеѓу сите мажи: Која е жената која седи на клупата на Хрватска? (ФОТО)

За време на гледањето на натпреварите на хрватската репрезентација на Светското првенство (СП) на клупата на „коцкестите“ сигурно сте ја забележале, меѓу сите мажи кои се дел од стручниот штаб и една жена.

Станува збор за тим-менаџерката на фудбалската репрезентација Ива Оливари.

Ива повеќе од 26 години работи во Хрватскиот фудбалски сојуз, а на актуелното првенство се грижи секој момент на хрватската репрезентација надвор од теренот, да пројде во најдобар ред. Поради нејзините организациски вештини и дух и мајчината фигура, многумина сметаат дека таа е главната карика во репрезентацијата.

Ако некој во детството би и кажал дека ќе има успешна кариера во фудбалото, сигурно не би и поверувал. За денешната работа во ХНС вели дека и се случила сосема случајно.

– Играв тенис и престојував две години  во САД. Се вратив во Хрватска, се омажив, родив дете и почнав да барам работа. Во тоа време во ХНС се создаваа стручните служби. Дојдов на интервју за работа. Ме примија. Во меѓународниот оддел работев до изборот на Давор Шукер за претседател на ХНС, кога со реогранизацијата беше формиран фудбалски оддел во кој продолжив да работам – се присетува Ива.

Како тим-менаџерка таа се грижи за организацијата на натрпеварите, а воедно е и прва жена во хрватската историја која седнала на клупата на најпрестижните фудбалски настани во Европа и во светот.

Првпат седнала на клупата на А-репрезентацијата на ЕП во Франција. Денес таа е добриот дух на селекцијата, исклучително ценет член која со насмевка ги решава сите проблеми.