сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 80
home Фудбал

Sвездите на Барса треперат од „генерал“ Куман

Sвездите на Барса треперат од „генерал“ Куман

Мадридскиот весник „Марка“ откри како новиот тренер на Барселона, Роналд Куман го сменил пристапот кон тренинзите. Холанѓанецот го зголеми времето на тренинг на час и половина.

Исто така, постои скок во однос на интензитетот на вежбите. Претходно, тимот тренираше еден час, а во случај на сесија од час и половина, на ветераните им беше дозволено да се одморат.

Поранешниот член на „дрим-тимот“ на Јохан Кројф бара од играчите да пристигнат во базата во Барселона еден час пред почетокот на активностите.

Досега доцнењето беше во ред и тоа не му се допадна на новиот тренер, кој веќе покажува цврста рака и завидна решителност. (MИА)

Коронавирус