среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Светскиот рекордер во атлетика од петок ќе дебитира на фудбалски натпревар

Светскиот рекордер во атлетика од петок ќе дебитира на фудбалски натпревар

Легендарниот јамајкански атлетичар Усеин Болт в петок ќе ја оствари својата желба да се занимава професионално со фудбал и ќе настапи на натпревар со австралискиот клуб Сентрал коуст маринерс.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри во изминатиов период тренираше со клубот Сентрал коуст маринерс од Госфорд во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, а се надева дека во октомври ќе добие професионален договор.

Тој ќе игра на позицијата лево крило и се очекува да настапи 15 до 20 минути.

– Знам дека ќе бидам нервозен, бидејќи ова не е натпревар во хуманитарни цели. Очекувам да правам грешки и знам дека нема да биде совршен натпревар, истакна Болт.

Поради неговиот настап на натпреварот се очекува да присуствуваат 12.000 гледачи.

Претходно тој тренираше со Борусија Дортмунд, со јужноафриканскиот клуб Мелоди сандоунс и со Стремсгодсет од Норвешка.