петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Фудбал

Светскиот првак поразен од Мексико

Светскиот првак поразен од Мексико

Актуелниот светски првак Мундијалот го почна со пораз против селекцијата на Мексико со 0:1.

Мексиканците беа подобри во дуелот со „Панзерите“, а единтвениот гол на натпреварот го постигна Лозано во 35. минута по контра која се разви по грешка на Кедира.

Во текот на целиот натпревар Германците имаа поголем посед на топката, а во вториот дел постојано беа пред голот на Очоа.

Освен еден удар од слободен удар на Тони Крос, „Панзерите“ немаа некоја 100 процентна шанса со која би го загрозиле Очоа.

Мексико кон крајот на натпреварот се затвори со цел да го одбрани резултат, а тоа успешно им одеше

Коронавирус