петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

„Светците“ се шампиони: Сите ѕвезди ги донесоа за – 0 евра!

„Светците“ се шампиони: Сите ѕвезди ги донесоа за – 0 евра!

Можат да им се лутат за инвестициите во минатото, за нечесните игри и потрошените пари, но ова лето челниците на ПСЖ на дело покажаа како се работи ефикасно.

Досега, во летниот преоден рок, парискиот клуб донесе петмина фудбалери, а четворица од нив дојдоа како слободни играчи. Најдоброто за ПСЖ е тоа што се работи за фудбалери во сите четири линии во екипата, а секој од нив е еден од најдобрите на своите позиции: Лионел Меси во нападот, Џиџи Вајналдум во средниот ред, Серхио Рамос во одбраната и Џанлуиџи Донарума на голот.

Единствен за кого ПСЖ потроши пари летово е мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими кој дојде од Интер за 60 милиони евра.

Локални избори 2021