петок, 14. мај 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Суперлигата на момент суспендирана, Перез ќе прави „корекции“!

Суперлигата на момент суспендирана, Перез ќе прави „корекции“!

Проектот наречен Суперлига ќе биде стопиран, со цел да се направат подобрувања во форматот, пишува во соопштението на лигата.

Притисокот од навивачите и фудбалскиот свет ги натера сите англиски клубови да се повлечат од планот да се формира ново натпреварување. Тоа донесе итен состанок меѓу Флорентино Перез и соработниците на кој се одлучи кратка суспензија пред да се продолжи со реализација на неговата идеја.

„Предлагаме нешто ново затоа што сегашниот систем не работи. Нашиот предлог се заснова на стабилноста и продолжувањето на функционирањето на фудбалот по пандемијата и големите загуби.

Проектот ќе продолжи во променети околности, нашата задача е да им го понудиме најдоброто на навивачите, да ги зајакнеме финансиите, не само нам, туку и на целото фудбалско општество“ , гласи пораката во соопштението.

УЕФА веднаш реагираше и им честита на сите клубови кои ја напуштија Суперлигата. Можеби нејзиниот предлог за нов финансиски буџет во наредниот период беше клучен во конечната одлука на премиерлигашите.

Законите се на страна на најбогатите клубови во Европа, но не и навивачите, кои масовно протестираа против промена на клупскиот фудбал на стариот контиенент.

Коронавирус