вторник, 2. март 2021. Вести денес: 182
home Фудбал

Супер Марио ќе ја носи 9-та во Милан

Супер Марио ќе ја носи 9-та во Милан

Милан го потврди она што се најавуваше изминатите неколку денови. Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ е нов играч на „росонерите“. Договорот е до крајот на сезоната со можност да биде продолжен на уште една сезона.

А оваа информација претходно ја потврди и Златан Ибрахимовиќ со изјавата дека со Манџо ќе бидат страв и трепет за противничките екипи.

Марио ќе го носи дресот со број 9.

Коронавирус