вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Супер Лигата се огласи по повлекувањето на англиските клубови, еве што ќе превземе

Супер Лигата се огласи по повлекувањето на англиските клубови, еве што ќе превземе

Основачите на фудбалската Супер Лига синоќа соопштија дека ќе разгледаат кои се најдобрите чекори за измена на овој проект истакнувајќи дека англиските клубови се повлекле од натпреварување под притисок.

-Со оглед на моменталната ситуаација, ќе разгледаме кои се најдобрите чекори за измена на проектот, имајќи ги во предвид нашите цели на навивачите да им понудиме најдобро можно искуство, истовремено зголемувајќи ја солидарната исплата за целата фудбалска заедница, се наведува во соопштението.

Ова соопштението доаѓа откако сите шест англиски клубови вклучени во основањето на Супер Лига Европа, се повлекоа од натпреварувањето. Прво тоа го направи Манчестер Сити, па Челси, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем.

-И покрај објавеното отстапување на англиските клубови, на што беа приморани под притисокот извршен врз нив, ние сме уверени дека нашиот предлог во целост е со согласност со законот и нормативите на Европската Унија што е потврдено и со судска одлука (во Мадрид) која ја штити Супер Лигата, стои во соопштението.

Коронавирус