недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

„Судиш најдобро 89 минути, ќе згрешиш еднаш и медиумите ќе те убијат“

„Судиш најдобро 89 минути, ќе згрешиш еднаш и медиумите ќе те убијат“

Масимо Бусака, шеф на судиската комисија на ФИФА изјави дека животот ја фудбалскиот судија не е лесен зашто секој арбитар се наоѓа во ситуација да згреши.

Бусака 15 години ја делеше правдата на теренот, а сега како дел од ФИФА се подготвува за Светското првенство во Русија во кое ќе се користи ВАР технологија.

-За да разберете како изгледа животот на еден фудбалски судија, обидете се еднаш, обидете се да видите што значи кога ќе направите грешка и медиумите ќе ве „убијат следните денови“, вели тој за Ројтерс.

Тој во моментот се наоѓа во тренинг кампот во кој се подготвуваат судиите кои ќе бидат во Русија од 14 јуни до 15 јули и вели дека за време на кариерата судел еден важен натпревар во Лигата на шампионите во која видел ситуација за црвен картон, но не видел кој го направил фаулот.

-Реков и тогаш, ве молам кажете ми кој го направи фаулот зашто во спротивно ова може да биде мојот последен натпревар. Играчите беа чесни и еден се јави, а јас му дадов црвен картин, вели Бусака.

Поради тоа смета дека ВАР технологијата е неопходна во денешниот фудбал. Сите покрај теренот ги следат различните ситуации, а играчи многу добро знаат дали судијата погрешил или не. Се случува играчот да му каже на судија дека погрешил, а Бусака се прашува – како после тоа да го продолжите натпреварот?

-Само затоа што ВАР ве исправил не значи дека лесно ќе добиете нареден натпревар. Тоа би значело дека не работи доволно на судиите, вели Бусака кој е свесен дека ниту еден судија не сака да ги исправа своите одлуки, но оти сите мораме да гледаме чесен фудбал.

Коронавирус