петок, 25. септември 2020. Вести денес: 57
home Фудбал

Судијата Мајкл Оливер конечно се огласи во јавноста, 16 дена по спорниот пенал

Судијата Мајкл Оливер конечно се огласи во јавноста, 16 дена по спорниот пенал

Пеналот во последните моменти во реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Реал и Јувентус, кога Старата дама во 93 минута имаше 3:0 во Мадрид и „волшебно“ ја анулираше предноста на Кралевите од Торино, предизвика невидени полемики, со што дефинитивно стана можеби и најконтроверзниот пенал во историјата на ова натпреварување.

Судијата Мајкл Оливер, сепак, покажа на белата точка после дуелот на Бенатија и Лукас Васкез, и покрај тоа што многумина сметаа дека не требаше да го направи тоа.

Оливер потоа се соочи бројни критики, дури добиваше и заканувачки пораки од многу луѓе.

Сега, тој конечно зборуваше во јавноста за досудениот контроверзен пенал.

„Се чувствував многу чудно во изминативе неколку дена, но ми беше многу мило што имав поддршка од значаен број на луѓе, како од фудбалот, така и надвор од него. Тоа многу ми значеше. Луѓето често ми приоѓаа на улица, а многу познати фудбалски имиња ми праќаа пораки со поддршка. Убаво е чувството кога некој ве поддржува“, изјави Оливер.

За потсетување, од моментот кога го досуди пеналот, веднаш почнаа лавина на навреди на сметка на англискиот судија, а дури и некои англиски медиуми пишуваа наслови во стилот „Еве зошто немаме ниту еден судија на Светското првенство“.

Коронавирус