четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 52
home Фудбал

Судија погоден со топовски удар (ВИДЕО)

Судија погоден со топовски удар (ВИДЕО)

Немили сцени се случија денеска во Романија на мечот меѓу Крајова и Хонвед, во рамките на квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Главниот судија на мечот Арнолд Хантер е погоден со топовски удар пред да почнат да се изведуваат ударите од белата точка во самиот финиш од мечот.

Додека играчите се расправаа меѓу себе, судијата ја следеше целата ситуација од страна при што настрада.

Падна на колена, се пожали на повреда во пределот на увото и веднаш потоа беше префрлен со болница.

Прекинот траеше одредено време,а мечот го доби Крајова откако победи по подоброто изведување на ударите од белата точка.

Коронавирус