понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 102
home Фудбал

Судбина: Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоензе, а почина на фудбалскиот терен од срцев удар (ФОТО)

Судбина: Ја преживеа авионската несреќа на Чапекоензе, а почина на фудбалскиот терен од срцев удар (ФОТО)

Еден од шестмината преживеани во тешката авионска несреќа во која загина скоро комплетниот тим на Чапекоензе, почина синоќа од срцев удар играјќи фудбал со пријателите во Чапеко.

Се работи за новинарот Рафаел Хензел, кој патуваше со експедицијата на Чапекоензе на финалето против Атлетико Насионал, ноември 2016.

Тој починал по срцевиот удар претрпен додека играл фудбал, спортот на кој му го посветил целиот живот.

Хензел требало да го коментира натпреварот од Купот на Бразил помеѓу Чапекоензе и Крикума, меч кој сега е одложен во знак на почит поради неговата смрт.

Хензел работеше во радиото „Вест Капитал“, а неколку месеци по несреќата ја објави книгата „Viva como se partida”, во која меѓу другото пишуваше и за катастрофата на Чапекоенсе, каде заегинаа  71 од 77 лица кои беа во тој авион, вклучително и 19 играчи на фудбалскиот клуб.

Коронавирус