сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Суарез за прославата: Сакав да им покажам дека уште го имам истиот телефонски број

Суарез за прославата: Сакав да им покажам дека уште го имам истиот телефонски број

Атлетико Мадрид синоќа на свој терен ја победи Барселона со 2:0.

Актуелниот шампион на Шпанија полесно од очекувањата дојде до нови три бода, а во центарот на вниманието на синоќешниот меч беше Луис Суарез кој успеа да ја затресе мрежата на својата некогашна екипа.

Суарез во 45. минута постигна погодок за 2:0 и не сакаше да го слави голот од почит кон Барселона, но кога станува збор за Куман, тука не можеше да се воздржи.

Куман пред една година го отпиша Суарез и тоа му го кажа преку телефонски повик, а Уругваецот вечерва дочека одмазда. По голот погледна кон ложата во која беше и Куман и симулираше телефонска слушалка. Суарез по мечот го објасни својот потег.

„Таа телефонска слушалка е посветена на луѓето кои ме бараа преку телефон да ми кажат некои работи и кои се уште го имаат мојот број. Сакав да им дадам до знаење дека го немам сменето телефонскиот број и дека се уште сум тука“, изјави Суарез и додаде:

„Не сакав да го славам погодокот од почит кон Барселона. Свесен сум низ колку тешки моменти минува Барса, заедно со моите некогашни соиграчи и пријатели и навивачите. Јас секогаш ќе бидам Куле, а Барса ќе биде мој клуб“.

Коронавирус