понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 60
home Фудбал

Суарез за помалку од минута добил отказ

Суарез за помалку од минута добил отказ

Луис Суарез е лут поради начинот на кој му е соопштено дека на клубот повеќе не му е потребен. Уругваецот е трет стрелец во историјата на Барселона, во клубот пристигна во 2014 година, а вчера новиот тренер Роналд Куман во телефонски разговор му порачал дека може да си бара нов клуб.

Куман најави дека планира да го реконструира клубот, а чистката во соблекувалната ја започна со Луис Суарез.

Шпанските медиуми откриле дека разговорот помеѓу Куман и 33 годишниот напаѓач траел помалку од една минута. Уругваецот наводно рекол дека нема да прави проблеми, но бил лут бидејќи сметал дека заслужил на поинаков начин да му кажат дека за него повеќе нема место на „Ноу Камп“.

Информациите од Шпанија говорат дека Куман дека на ист начин како и Суарез го откачил и Артуро Видал, Самуел Умтити и Иван Ракитиќ.

Коронавирус