среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 116
home Фудбал

Суарез со порака: Време е за уживање

Суарез со порака: Време е за уживање

Луис Суарез и официјално е претставен како ново засилување на Атлетико Мадрид. Некогашниот напаѓач на Барселона во новиот клуб ќе го носи дресот со број девет кој го имаше Алваро Мората, пред да замине во Јувентус ова лето. Суарез потпиша договор на две години, по сезони ќе заработува девет милиони евра.

„Драги фанови на Атлетико, еве ме во новиот дрес. Едвај чекам да го одиграм првиот меч и ви благодарам за пораките. Ги добив многу. Сега е време за уживање и постигнување на успеси“, рече Суарез на видео-записот кој Атлетико го сподели на својот „Инстаграм“ профил.

 

View this post on Instagram

 

Dear Atléticos 💌 @luissuarez9 #SuárezRojiblanco

A post shared by Atlético de Madrid (@atleticodemadrid) on

Коронавирус