четврток, 6. август 2020. Вести денес: 26
home Фудбал

Суарез се искачи на третото место по бројот на голови во историјата на Барселона

Суарез се искачи на третото место по бројот на голови во историјата на Барселона

Луис Суарез постигна еден го во синоќешната победа (4:1) на Барселона на гостувањето кај Виљареал во 34. коло од шампионатот на Шпанија.

За Уругваецот оваа беше 194. погодок во дресот на каталонскиот клуб со што се изедначи со Ласло Кубала на вечната листа на стрелци.

На втората позиција е Сезар Родригез со 232 гола додека лидер е сегашниот капитенот на тимот, Лионел Меси со 441 гол.

Оваа сезона, 33-годишниот Суарез има 17 голови и 12 асистенции на 30 натпревари.

Коронавирус