среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Фудбал

Суарез откри каде ќе се пензионира Меси

Суарез откри каде ќе се пензионира Меси

Луис Суарез кој е добар пријател со Лео Меси, вели дека Аргентинецот сам ќе ја донесе одлуката за својата иднина, и ќе оди таму каде што тој сака.

Договорот на Меси со Барселона истекува по крајот на сезоната, па како таа ќе се ближи до крајот така ќе бидат погласни и шпекулациите за неговата иднина.

Суарез кој постојано е во контакт со Меси бидејќи покрај тоа што беа соиграчи се и добри пријатели, беше запрашан за иднината на Аргентинецот.

„Попладнево зборував со него, тој беше многу среќен поради победата над Гранада. Игра на спектакуларно ниво, тој е најдобриот на светот“, вели Суарез.

„Меси ќе се пензионира таму каде што тој сака, тој ќе може да одлучи дали тоа ќе биде Барселона, Аргентина или на било кое друго место“.

ЕУРО 2020

Македонија