среда, 8. декември 2021. Вести денес: 101
home Фудбал

Суарез останува во Атлетико Мадрид

Суарез останува во Атлетико Мадрид

Фудбалерот на Атлетико, Луис Суарез потврди дека ќе остане во клубот од Мадрид и следната сезона.

– Да, сигурен сум дека ќе останам. Атлетико ме прими одлично од првата минута. Овде добро се однесуваа кон мене. Прашав дали има место во музејот на клубот, каде ќе покажат како создаваме историја со Атлетико, рече Уругваецот во етерот на „Мовистар“.

Триесет и четиригодишниот Суарез има постигнато 21 гол на 32 натпревари во Ла Лига.

Атлетико викендот ја освои шампионската титула во Ла Лига, а еден од најзаслужните за трофејот е токму Луис Суарез кој пред сезоната од Барселона дојде во Мадрид. (МИА)

Коронавирус