вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 100
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ протестира со возила против ненародната власт предводена од СДСМ

home Фудбал

Суарез одбил 32 милиони евра за 4 години во САД

Суарез одбил 32 милиони евра за 4 години во САД

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез ја одбил понуда на Интер Мајами, тврди „ЕСПН“.

Понудата била за 4 сезони со годишна плата од осум милиони евра. Клубот на Дејвид Бекам најпрво го посакувал Суарез, а ангажираниот Гонзало Игуаин беше резерва.

Платата на Уругваецот би ја надминала дури и платата на Златан Ибрахимовиќ, бидејќи Швеѓанецот потпиша за околу 6 милиони по сезона.

Луис Суарез беше најблиску до Јувентус, но последните денови оваа опција изгледа далечна, поради желбата на Андреа Пирло да го донесе Един Џеко во Торино.

Тренерот на каталонците Роналд Куман увери дека доколку Суарез сепак остане на „Камп Ноу“, Уругваецот ќе влезе во неговите сметки.

Коронавирус