сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 67
home Фудбал

Суарез: Гризман е добредојден во Барса

Суарез: Гризман е добредојден во Барса

Напаѓачот на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Луис Суарез најави дека каталонскиот тим во наредниот период може да се зајакне со ѕвездата на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман, откако изјави дека никој нема ништо против тој да се пресели на „Камп Ноу“.

Францускиот напаѓач, кој подолго време е поврзуван со Каталонците, игра уште една одлична сезона игра за „јорганџиите“. 27-годишниот фудбалер постигна 27 гола во тековната сезона во сите натпреварувања. Гризман има договор со Атлетико до средината на 2022 година.

Говорејќи на шпанското радио „Ринкон“, Суарез вели: „Јас сум многу горд што сум дел од тимот кој во своите редови сака да донесе играчи од највисок квалитет – Усман Дембеле, Филипе Кутињо, Антоан Гризман“…

На тој начин уругвајскиот репрезентативец можеби веќе го направи Гризман нов играч на Барса.

– Тој е фудбалер кој придонесува за највисоко можно ниво и сé уште има многу топ сезони пред него. Тој е главен во нападот на Атлетико, и тоа е она што е најважно. Ако дојде, тој нема да заземе место за никого, тој ќе ја донесе својата амбиција да освои повеќе трофеи. Тука ќе биде повеќе од добредојден, изјави Суарез, кој сезонава, во која Барса освои „дубл“, постигна 29 гола

МИА

Коронавирус