вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 144
home Фудбал

Суарес полагаше италијански, студентите му дофрлаа: „Кјелини те чека на вечера“

Суарес полагаше италијански, студентите му дофрлаа: „Кјелини те чека на вечера“

По шест години и 189 голови за Барселона, Луис Суарес е исфрлен и доаѓа во Јувентус. Но, прво мораше да го мине испитот за познавање на италијански јазик за да може да добие работна дозвола.

Уругвајскиот фудбалер тој предуслов успешно го мина денес во Перуџа. За само еден час устен и писмен испит доби сертификат за познавање на италијански јазик на ниво B1.

Додека влегуваше во факултетот присутните студенти го препознаа иако тој проба да се маскира. Му дофрлаа: „Кјелини те чека на вечера“.

И не го правеа тоа без посебна причина. На Мундијалот 2014 во Бразил, Суарес го гризна Џорџо Кјелини по рамото за време на натпреварот од 3. коло во фазата по групи помеѓу Уругвај и Италија. Судијата не го виде тоа и не го казни, но потоа Суарес доби суспензија од ФИФА за испадот и тоа вкупно 9 натпревари.

Коронавирус