четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Страв од коронавирусот: Најголемото хрватско дерби ќе се игра без гледачи?

Страв од коронавирусот: Најголемото хрватско дерби ќе се игра без гледачи?

Најголемото хрватско дерби помеѓу вечните ривали Хајдук и Динамо, кое е на програмата на 4 март на „Пољуд“ во Сплит можно е да се игра без гледачи од страв од коронавирусот, откако два случаи на заболени од новата смртоносна инфекција се појавија во Хрватска кај лица кои биле во загрозени региони во Италија.

Хрватските медиуми денеска објавија дека Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) чека препораки од министерството за здравство откако се појави коронавирусот во Хрватска, па можно е големото дерби да се одигра пред празен стадион, ако здравствените власти дадат такви препораки.

Неофицијално, веќе сериозно се размислува на таква превенција, гледачите да останат дома, како што направија Италијанците, чии власти веќе објавија дека мечевите од Калчото ќе се играат исклучиво пред празни трибини, после избувнувањето на епидемија на коронавирус во северните региони на земјата Ломбардија и Венето.

Хрватот кој беше прв регистриран случај во Загреб, токму од Милано дошол заболен со корона вирус, а сега и неговиот брат близнак исто така е ставен во изолација. Засега според најавите затворање на стадиони во Хрватска барем за викендов нема, а на програмата се две дербија помеѓу Осиек и Хајдук и Динамо со Риека.

Коронавирус