среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Фудбал

Страв од епидемијата: Нирнберг бара да се откаже мечот Германија – Италија!

Страв од епидемијата: Нирнберг бара да се откаже мечот Германија – Италија!

Нирнберг требаше да биде домаќин на мечот меѓу Германија и Италија на 31 март, но од градот побараа дуелот да биде откажан поради страв од ширење на коронавирусот.

Фудбалскиот сојуз на Германија следната недела мора да донесе конечна одлука за тоа дали средбата ќе се одигра или не.

„Според тоа што денеска го знаеме, градот Нирнберг бара откажување на мечот бидејќи се очекува голем број на навивачи, меѓу кои ќе дојдат и од загрозените подрачја на северот на Италија“, соопштија од Германија.

Германија пет дена претходно ќе игра пријателски меч против Шпанија во Мадрид.

Коронавирус