вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 134
home Фудбал

Страста не се смирува: Се огласи првиот човек на српскиот фудбалски сојуз, остри осуди за “грабежот“

Страста не се смирува: Се огласи првиот човек на српскиот фудбалски сојуз, остри осуди за “грабежот“

ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Џердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Според многумина, Србија беше оштетена поради тоа што главниот судија Феликс Брих не досуди чист пенал за Александар Митровиќ, а врз нападите кон главниот арбитер се приклучи и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.

-Не станува збор само за ВАР технологијата, туку во тоа што целата работа е режирана од страна на луѓето кои ги одредуваат судиите. Сите ние добро знаеме дека повеќе од половина од швајцарските репрезентативци се со германско потекло. Стручниот штаб, играчите, луѓето во Србија, сите сме многу разочарани и фрустрирани поради неправдата која ни ја нанесоа некои луѓе од ФИФА.

-Јасно им е на сите во Европа и во светот дека Србија е ограбена. Не очекувам од ФИФА да преземе нешто по овој грабеж, затоа што се, како што реков е диригирано- коментираше Кокеза за „БиБиСи“.

Кокеза исто така истакна дека не верува Гранит Џака и Џердан Шаќири да добијат било каква казна поради нивната “радост“ по постигнувањето на погодоците.

Коронавирус