петок, 30. јули 2021. Вести денес: 154
home Фудбал

Столе Димитриевски со топ 3 најдобар рејтинг од играчите кои доживеаја елиминација

Столе Димитриевски со топ 3 најдобар рејтинг од играчите кои доживеаја елиминација

Столе Димитриевски е македонскиот репрезентативец кој доби највисоки оценки од луѓето кои водат статистика на Европското првенство, па покрај тоа што во втората рунда беше дел од тимот на колото, сега се закити со уште едно признание кое само потврдува дека бранеше на навистина завидно ниво.

Во текот на денешниот ден се појави една објава на веб-страната која врши најдетална анализа на статистиката на сите играчи на континенталниот турнир, а во истата, името на нашиот Столе се најде при самиот врв и му донесе место на пиедесталот.

Димитривески е во топ 3 најдобро рангирани фудбалери од оние кои доживеаја елиминација на големиот турнир со просечна оценка од 7.15, а пред него се најдоа само Роберт Левандовски и Лукаш Храдецки.

Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација се најде на третото место според оваа статистика, или на второто кога се во прашање само голманите, бидејќи Храдецки најверојатно доби предност поради тоа што оствари една победа на Европското првенство. Голманот на Финска имаше прими три гола и имаше 14 успешни интервенции, а исто толку одбрани имаше и нашиот Столе.

 

Коронавирус