петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 63
home Фудбал

Столе Димитриевски и неговиот Рајо до реми против Валенсија

Столе Димитриевски и неговиот Рајо до реми против Валенсија

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше нов феноменален натпревар за неговиот Рајо Ваљекано, во ремито на гости кај Валенсија (1-1) во рамки на 15. коло од Примера Дивизија.

Димитриевски го спаси својот тим од неуспех на гостувањето на славната „Местаља“. Најдобрата одбрана тој ја имаше во 68. минута, кога го спречи Солер да постигне гол за Валенсија и да ја врати предноста.

Што се однесува до головите на натпреварот уште во 19. минута „лилјаците“ дојдоа до предност со голот на Солер, додека Рајо, кој и на овој меч беше без Радамел Фалкао кој е повреден, се избори за реми во 64. минута преку Палацон.

Во 89. минута Рајо успеа да направи пресврт преку Андрес Мартин, но голот беше поништен поради офсајд.

Рајо котира високо во Примера и е на петтото место, додека Валенсија е деветта и има три нерешени во серија.

Коронавирус