недела, 5. декември 2021. Вести денес: 98
home Фудбал

Столе Димитриевски херој во триумфот на Рајо над Барселона

Столе Димитриевски херој во триумфот на Рајо над Барселона

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, му донесе три бода на својот тим Рајо Ваљекано од дуелот со шпанскиот фудбалски великан Барселона.

Димитриевски при водство на Рајо со 1:0, во 72.минута му го одбрани пеналот на Мемфис Депај па резултатот не се промени до крајот на мечот.

Ова беше натпревар од 11. коло во Ла Лига. Барселона од последните 10 пенали не реализира пет. Пред Депај, удар од 11 метри не реализираа сега веќе поранешните играчи на Барса, Лионел Меси (два пати), Антоан Гризман, како и Мартин Брајтвајт.

Воедно, продолжува лошата резултатска серија на каталонскиот клуб со третиот пораз на последните четири средби во шпанското првенство.

Од 10 натпревари, Барселона има само 15 бода и е на средината на табелата, додека Рајо Ваљекано има 19 бода од 11 натпревари и во е во горниот дел на табелата.

Коронавирус