четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 59
home Фудбал

Стерлинг заминува од Сити

Стерлинг заминува од Сити

Англискиот фудбалски репрезентативец, Рахим Стерлинг, најави дека е сосема реално наскоро да го напушти Манчестер Сити. Тој има уште помалку од две години до истекот на актуелниот договор, но очигледно нема намера да потпише нов.

„Доколку има понуда од клуб надвор од Англија, јас сум отворен за разговор. Размислувам да го напуштам Сити. Искрено би сакал да се испробам на друго место. Тоа е предизвик“, вели Стерлинг.

Брзото крило не е прв избор на тренерот Пеп Гвардиола оваа сезона, што веројатно е и причина за ваквите размислувања.

„Не сакам да се жалам. Се обидувам да се фокусирам на себе. Би сакал да играм секој натпревар, да постигнувам голови. Тоа е она што ме прави среќен. Јасно е дека сега не е така. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“ , рече Стерлинг.

Коронавирус