недела, 16. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Статистиката покажува крај за триото Бејл – Бензема – Роналдо

Статистиката покажува крај за триото Бејл – Бензема – Роналдо

Далеку во времето останаа уверувањата на Зинедин Зидан дека офанзивниот трио на Реал Мадрид Карим Бензема – Герет Бејл – Кристијано Роналдо секогаш ќе биде на теренот од првата минута на натпреварот, се додека тројцата се здрави и во форма. Сега, откако ниту еден од триото не е повреден, францускиот тренер прибегнува кон други партнерства во нападот на тимот, забележуваат од „АС“.

Присуството на триото во стартните 11 на Зидан се намалува, откако тој го презеде тимот во јануари 2016 година. Во својата прва сезона тој го користи триото во девет од 27-те (33%) средби на тимот. Во следната кампања процентот се намалува на 26 (16 од 60 натпревари). По сите казни и повреди на Роналдо, Бејл и Бензема, како и ротациите со Иско, Маркос Асенсио и Лукас Васкез, во 2017/18 „BBC“ започна заедно во само четири од 53 дуели или едвај 7,5 отсто од средбите на Реал.

Дури и да не се ограничуваме до местата во стартниот состав, тројцата повторно немаат поминато многу време заедно на теренот во оваа сезона – само 370 минути од 4.770 можни. Интересно е дека првиот таков случај дојде дури во 20. круг на Ла Лига во натпреварот против Депортиво Ла Коруња кога Бензема влезе во игра во 64-тата минута, а Португалецот и Велшанецот играа од почетокот на натпреварот.

Во наредниот 21. круг, на „Местаља“ против Валенсија, тројцата првпат беа заедно од првата минута на натпреварот што се повтори недела подоцна против Леванте. Сепак, дури во 25-тиот круг Роналдо, Бејл и Французинот останаа на теренот во текот на сите 90 минути – против Алавеш на „Сантијаго Бернабеу“. Последната нивна средба како носители беше против Хетафе (27-ми круг), а од 29-тиот круг (против Жирона) наваму, триото не било ниту една минута заедно на теренот.

Така беше и синоќа против Атлетик Билбао, кога Бејл го замени Бензема.

МИА

Коронавирус