понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 18
home Фудбал

Станковски оптимист во пресрет на квалификацискиот турнир во Полска

Станковски оптимист во пресрет на квалификацискиот турнир во Полска

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години, Горан Станковски верува дека неговите избраници имаат квалитет да остварат добри резултати против силните противници на претстојниот турнир во Полска за влез во Елитната фаза квалификации за Европското првенство.

– Групата во која се наоѓаме е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Напротив, напорно работевме во изминатите седум месеци, сметам дека имаме свои адути и ќе се обидеме на секој начин доколку ни се укаже шанса да ја искористиме. Позитивни сме, иако двајца фудбалери поради повреда нема да бидат со нас, сепак мислам дека направивме добра анализа и мораме да бидеме оптимисти во пресрет на турнирот, изјави Станковски.

Македонската репрезентација отвора против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, на 12. октомври игра со Белгија, додека три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвора со Лихтенштајн.

Коронавирус