петок, 17. септември 2021. Вести денес: 37
home Фудбал

Стадионот на Ајакс ќе биде именуван по клубската легенда

Стадионот на Ајакс ќе биде именуван по клубската легенда

Стадионот на Ајакс од следната сезона ќе биде именуван по легендарниот холандски фудбалер Јохан Короф. Досегашната Амстердам Арена, во иднина ќе се вика „Јохан Кројф Арена“, потврди клубот.

Новото лого на стадионот ќе биде претставено на 25 април, на денот кога Кројф кој почина во март 2016 година, би наполнил 71 година.

Кројф освои осум титули со Ајакс во два мандата, а на крајот од кариерата помина три години како тренер на најпознатиот холандски клуб со кој освои две Куп титули во Холандија и еден трофеј во Купот на куповите сегашна (Лига Европа).

Освен во Ајакс Кројф играше за Барселона, и неколку други екипи, а со Холандија два пати играше финале на Светските првенства (1974 и 1978 година).

МИА

Коронавирус