недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Средба Сејдини – Чеферин: Изборите во ФФМ мора да се спроведат независно и без мешање на политиката

Средба Сејдини – Чеферин: Изборите во ФФМ мора да се спроведат независно и без мешање на политиката

Првиот човек на УЕФА Александар Чеферин имаше средба во Нион, Швајцарија со претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и истакна дека е воодушевен од напредокот со крупни чекори на македонскиот фудбал.

„Јас сум воодушевен од големите чекори што Фудбалската федерација на Македонија ги направи во последните години под водство на Муамед Сејдини. Навистина како држава почнавте да ги бележите сите придобивки од вашите заложби во последните години – од пласманот на репрезентацијата до 21 година на Европското првенство во Полска 2017 година, па до А репрезентацијата која се пласираше на завршниот трунир за прв пат во историјата, рече претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

„Претседателот Чеферин и УЕФА цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал.

Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020.

Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание. 

Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите. 

Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кои се секогаш насочени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка“, изјави Муамед Сејдини, претседателот на ФФМ.

ЕУРО 2020

Македонија