вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Фудбал

Срби и Романци одиграа лудница-меч каков што досега немало под капата на УЕФА!

Срби и Романци одиграа лудница-меч каков што досега немало под капата на УЕФА!

Синоќешниот натпревар помеѓу српскиот претставник во квалификации за Лига Европа, ТСЦ од Бачка Топола и романскиот ФЦСБ (некогашна Стеауа) ќе влезе во историјата на натпреварувањата во организација на УЕФА поради ретко видената голеада, која заврши со – изведување пенали.

Мечот заврши со 4-4 во регуларниот дел, односно 6-6 по двете продолженија, по што мораше да се шутира од белата точка, за на крајот делумно посреќен да биде тимот од Романија. Домашниот тим остана со девет играчи во екстра-периодот, по добиените два црвени картони, додека романскиот состав имаше само тројца фудбалери на клупата, откако беше погоден од коронавирусот.

ТСЦ и ФЦСБ се првите екипи досега во европските натпреварувања на кои им успеало да постигнат барем по пет гола во меѓусебен дуел. Во повеќе од 24.000 натпревари на меѓународната сцена, досега не е виден учинок од по шест гола на двете екипи во една пресметка.

Коронавирус