недела, 9. мај 2021. Вести денес: 139
home Фудбал

Срамен потег на Кепа, не сакаше да излезе, Сари збесна! (ВИДЕО)

Срамен потег на Кепа, не сакаше да излезе, Сари збесна! (ВИДЕО)

Несфатлив потег на голманот на Челзи, Кепа Аризабалага не сакаше да излезе од игра во 120. минута иако Маурицио Сари го побара тоа од него, Кабаљеро остана да чека крај аут линијата.

Во финалето од Лига Купот се случи нешто што ретко се гледа на фудбалските терени, Кепа покажа непослушност кон тренерот Маурицио Сари кој буквално збесна од потегот на неговиот голман.

Кепа беше повреден и Сари одлучи да го промени голманот пред изведувањето на пеналите, но шпанскиот голман одби да излезе од игра. На пеналите Челзи го изгуби мечот.

Кепа сигурно ќе биде казнет од клубот, но веројатно ќе добие и жестока лекција од Сари во соблекувалната.

Коронавирус