вторник, 31. март 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Спортинг треба да му исплати 3 милиони евра на Синиша Михајловиќ

Спортинг треба да му исплати 3 милиони евра на Синиша Михајловиќ

Спортинг од Лисабон ќе мора да му исплати три милиони евра на тренерот Синиша Михајловиќ, одлучи Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Португалците лани во јуни му дадоа отказ на Србинот само 12 дена по почетокот на соработката, откако дојде до промени во раководството на клубот, и новата владејачка гарнитура имаше друг план за тоа кој треба да биде тренер на тимот чиј дрес го носи и македонскиот десен бек Стефан Ристовски.

Кога го информираа дека не сметаат на него, од Спортинг на Михајловиќ му нудеа 300.000 евра отштета, но тој не прифати и правдата ја бараше на суд, бидејќи сумата која му следуваше во случај на едностран раскин, беше десет пати поголема.