Арсенал го направи првиот потег кон трансфер на Виктор Ѓекереш, но Спортинг брзо го смири ентузијазмот кај тимот од Лондон. „Топџиите“ упатија официјална понуда вредна 55 милиони евра плус уште 10 милиони во бонуси, но португалските гиганти ја отфрлија, објави „А БОЛА“.
По средбата помеѓу агентот на шведскиот напаѓач, Хасан Четинкаја, и раководството на Арсенал, тимот од „Островот“ презеде конкретни чекори за договорот. Сепак, понудата останува под очекувањата на Спортинг, кој веќе јавно објави дека 60+10 милиони евра се недоволни за ослободување на нивниот најдобар стрелец.
Управата на „лавовите“ сепак ја разгледала понудата, но брзо ја отфрлила, бидејќи клубот се надева дека ќе го извлече максимумот од евентуалната продажба на својата ѕвезда. Арсенал се решени да го доведат Ѓекереш на „Емирати“, но според информациите – нема значително да ја зголемат својата понуда. Доколку Спортинг продолжи да држи цврста позиција, Арсенал може повторно да го сврти вниманието кон Бенџамин Сешко од РБ Лајпциг, кој исто така спаѓа во трансфер плановите на Микел Артета.
Во исто време, португалскиот клуб официјално негира дека добил конкретна понуда. Тие изјавија за „А БОЛА“ дека досега имало само почетен контакт меѓу страните, без да биде дадена формална понуда. Сепак, очекувањата се дека во рок од неколку дена преговорите ќе влезат во следната фаза и Арсенал повторно ќе нападне со подобрени услови.